Владата одлучи да им даде втора шанса на македонските винарници кои поради тоа што не им го платија грозјето на лозарите, беа избришани од Регистарот и добија забрана за работа од две години. Станува збор за четири винарници што останаа без лиценцата, а кои ќе може да добијат дозвола за работа ако ги исполнат пропишаните предуслови. Ова е овозможено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, што го усвои Владата на последната седница. По донесувањето на законот во период не подолг од 90 дена избришаните винарските визби од Регистарот на производители на вино ќе може да поднесат документација за да бидат запишани повторно. Притоа, треба да поднесат комплетна финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги намириле сите обврски кон лозарите, а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна камата во согласност со Законот за облигациските односи, кој ќе се пресметува од 30 април кога требало да ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги намириле.
Владата одлучи да им даде втора шанса на македонските винарници кои поради тоа што не им го платија грозјето на лозарите, беа избришани од Регистарот и добија забрана за работа од две години.
Станува збор за четири винарници што останаа без лиценцата, а кои ќе може да добијат дозвола за работа ако ги исполнат пропишаните предуслови. Ова е овозможено со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, што го усвои Владата на последната седница.
По донесувањето на законот во период не подолг од 90 дена избришаните винарските визби од Регистарот на производители на вино ќе може да поднесат документација за да бидат запишани повторно.
Притоа, треба да поднесат комплетна финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги намириле сите обврски кон лозарите, а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна камата во согласност со Законот за облигациските односи, кој ќе се пресметува од 30 април кога требало да ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги намириле.
На сметка на државниот буџет, пак, треба да уплатат 10 проценти од сумата што не ја намириле кон лозарите на 30 април во тековната година кога и биле избришани од регистарот.
Забраната за работа ги дисциплинирала винарниците, па затоа Владата одлучила да им помогне и да ги донесе законските измени на последната седница.